За нас

Нашата приказна

Основана во 2009 година, организацијата LinkAcross е доказ за меѓународната соработка и посветеност. Нашиот динамичен тим со потекло од Македонија, Албанија и САД, работи беспрекорно од нашите канцеларии во Скопје и Тирана. Со текот на годините, нашиот досег се прошири, и нашата мрежа сега вклучува широк спектар на деловни и здравствени професионалци и организации кои се наши блиски партнери.

Во 2015 година, тргнавме на ново патување со основањето на LinkAcross Media Production. Оттогаш, ја имавме привилегијата да соработуваме со над 50 ценети клиенти, од бизниси и организации, до институции од Македонија, Албанија, Бугарија и САД. Нашата мисија е јасна: да им овозможиме на нашите партнери ефективно да ја пренесат својата порака и визија до светот.

Водени од креативноста и посветеноста на извонредноста, нашата цел е да им помогнеме на бизнисите, преку изработка на висококвалитетни видеа кои не само што ја раскажуваат нивната уникатна приказна, туку и ја подигаат препознатливоста на нивниот бренд. Ние сме тим кој сака да раскажува приказни, и преку нашата работа имаме за цел да им помогнеме на бизнисите и организациите да ги постигнат своите цели и да остават трајно влијание.

Придружете ни се на нашето патување, и ајде заедно да градиме успешни приказни.

Нашата дејност

Создаваме визуелно привлечни содржини кои не само што ќе ви помогнат да ја раскежете вашата приказна, туку и стратешки ќе го засилат досегот на вашиот бренд.

Нашите услуги вклучуваат:
Видео продукција
Фотографија
Веб дизајн
Дигитален маркетинг

Сите овие услуги се стратешки дизајнирани со цел да ви помогнат да го промовирате вашиот бренд.

Нашиот интегриран пристап не само што ќе му помогне на вашиот бренд да изгледа одлично, туку и ќе го максимизира неговото онлајн присуство, а следствено и ќе досегне нови клиенти. Од концепт до промоција, ние сме вашето едношалтерско решение за подобрување на дигиталното присуство и влијание на вашиот бренд.

Контактирајте нѐ и дознајте како можеме да го претвориме вашиот бренд во успешен бизнис.

Иновативна извонредност

Во LAmedia, ние постојано ги поместуваме границите на креативноста, правејќи сѐ што можеме за нашата работа да се истакне со квалитет и креативност.

Отвореност за соработка

Ние веруваме во блиска соработка со клиентите, бидејќи знаеме дека најдобрите проекти се резултат на процеси во кои повеќе луѓе ги споделуваат своите идеи и замисли.

Пристап насочен кон клиенти

Визијата и целите на нашите клиенти се наш приоритет, и врз основа на истите создаваме решенија кои ќе им помогнат да ја досегнат целната група и да постигнат резултати.

Доверливост и доследност

Посветени сме на обезбедување постојан квалитет на сите наши услуги, осигурувајќи се дека нашите клиенти секогаш можат да се потпрат на нас за да ги исполниме нивните очекувања и рокови.

Запознајте го нашиот тим

 

Sashko Petrovski

Сашко Петровски

Менаџер/видео продукција

Неговите вештини за видео, веб дизајн, и управување со беспилотни летала го прават тип на менаџер кој придонесува за креирање на одлични проекти, кои раскажуваат инспиративни приказни.

Nikola Ginevski

Никола Гиневски

Фотографија/веб дизајн

Фотограф и веб-дизајнер. Личност која ја комбинира страста за визуелна креативност со прецизност. Неговата повеќеслојна стручност го прави клучна предност за секој тим.

Danail Ristovski

Данаил Ристовски

Дигитален маркетинг

Експерт за дигитален маркетинг со 7 години искуство, и многу успешни проекти за ребрендирање и реструктуирање за бројни клиенти низ различни сектори.

Подготвени ли сте да соработуваме?

Пишете ни порака